Легализирање на земјоделски објекти со само три документи

Bez autora
Jul 08 2012

Собранието во следните денови треба да го прифати законот за легализација на објекти за земјоделска намена, откако измените на законот поминаа во прво читање, па владата повикува земјоделците да се пријавуваат. Земјоделците ќе можат преку општините да ги легализираат објектите со само три документи, државјанство, елаборат, и сметки, и изјава дека објектот не е изграден по април 2011, со одобрение од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство. Ова ќе овозможи да го зголемат својот фонд, пристап до кредити и да аплицираат за ИПАРД средства. Исто, така, на владина седница помина и програмата за доделување на 850 хектари државно земјиште на социјално необезбедени лица во 24 општини. Оваа недела ќе биде потпишан Меморандум меѓу министерствата за земјоделие и за труд и социјала, и со тоа ќе стартува процесот. Заедничка работна група ќе ги запознае земјоделците со парцелите и ќе им помогне во апликацијата и добивањето за истите. Процедурата започнува кон крајот на месецот.

Легализирање на земјоделски објекти со само три документиСобранието во следните денови треба да го прифати законот за легализација на објекти за земјоделска намена, откако измените на законот поминаа во прво читање, па владата повикува земјоделците да се пријавуваат.

„Земјоделците ќе можат преку општините да ги легализираат објектите со само три документи, државјанство, елаборат, и сметки, и изјава дека објектот не е изграден по април 2011, со одобрение од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство. Ова ќе овозможи да го зголемат својот фонд, пристап до кредити и да аплицираат за ИПАРД средства", најави Александар Ѓорѓиев, портпарол на Влада.

Исто, така, на владина седница помина и програмата за доделување на 850 хектари државно земјиште на социјално необезбедени лица во 24 општини, информира Ѓорѓиев.

„Оваа недела ќе биде потпишан Меморандум меѓу министерствата за земјоделие и за труд и социјала, и со тоа ќе стартува процесот. Заедничка работна група ќе ги запознае земјоделците со парцелите и ќе им помогне во апликацијата и добивањето за истите. Процедурата започнува кон крајот на месецот", додаде портпаролот.

За легализација на нерегистрирани трактори и тракторски приколки изготвени се и измените и треба да бидат процесуирани.

Ѓорѓиев информира и дека зголемувањето за 100 денари на надоместокот за енергетска сиромаштија, и новиот износ од 700 денари ќе биде исплатуван од почетокот на грејната сезона.

Тој потсети дека во сабота замина и втората група од 300 дечиња кои одат на бесплатен одмор во траење од седум дена, а стартот на аплицирањето за добивање ваучер за компјутер за апсолвентите ќе стартува од септември.

Владата ги повикува граѓаните на искористување на средствата за компаниите кои ги обезбедивме во висина од 110 милиони евра, за аплицирање за добивање на земјоделското земјиште, легализација на објектите и опремата, за користење на ваучерите и бесплатниот одмор за децата, и за поголем ангажман за аплицирање за мерките за вработување и самовработување.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik